Во хотел Арка сме посветени да Ви овозможиме идеални услови за Вашите состаноци и конференции. Ви ги нудиме најдобрите сали во Македонија, опремени со најсовремена технологија, природна светлина и сета неопходна опрема. Вие ќе имате единствена точка за контакт за сите аранжмани, се од првиот телефонски повик до финалните детали. Со гордост можеме да се пофалиме дека сме најдобриот избор во градот и веќе 18 години сме првиот избор на најголемите странски компании и НВО кои организираат настани, конференции и обуки во Скопје.