Има многу елементи што треба да се земат предвид кога се организира конференција. Барањето на соодветна конференциска сала за вашиот следен настан може да одземе време. Затоа е важно внимателно да ги пресметате добрите и лошите страни на секое место пред да одлучите каде да го одржите вашиот настан.
Затоа, составивме неколку совети кои ќе ви помогнат при изборот на место за организирање на конференција во Скопје и Македонија.
Да се организира успешна конференција може да биде тешко, но нашите совети ќе ви помогнат да ја организирате совршената конференција!
Дали ги замислувате вашите учесници како партиципираат со ентузијазам во пространа сала за конференции? Најдобрите конференциски сали имаат и одлична акустика и видео опрема, со идеални услови за делегатите кои презентираат.
Се разбира, на врвот на агендата е одржувањето на успешна, возбудлива и интересна конференција која им овозможува на учесниците да извлечат што е можно повеќе од настанот. Подоле ги дискутираме најважните карактеристики на доброто место за конференции.
Ако имате учесници или предавачи кои доаѓаат од странство, локацијата е особено важна. Изберете место кое е во сколоп на хотел, од кој што делегатите можат лесно да пристапат до кафулиња, ресторани, барови и културни атракции. Ова е особено корисно ако конференцијата трае неколку дена.
Конференцискиот програм на Хотел Арка е во склоп на хотелот, кој се наоѓа во срцето на Старата скопска чаршија. Тука вашите учесници ќе ги имаат сите придобивки, од врвно сместување, до угостителски услуги во склоп на хотелот, како и одличното изобилие на културно-историски активности во Старата чаршија и центарот на Скопје.
Привлекувањето делегати е одлична тактика кога планирате конференција. Иако предавачите, учесниците и содржината се клучни за успехот на настанот, интересна локација, исто така, ќе придонесе за привлечноста на конференцијата.
Можете да изберете место за кое сметате дека одговара на вашата тема на конференцијата или има уникатна позиционираност која е во согласност со вредностите на вашата организација. На пример, локациите до културно-историски споменици ќе и дадат на вашата конференција чувство на суштина и авторитет, a ќе биде особено интересен за учесниците од странство.
Кога размислувате за идеалното место за конференција, погрижете се добро да ги разгледате конференциските сали пред да резервирате. Размислете како нашиот простор ќе се вклопи во настанот што го организирате.
Обрнете внимание на:
Салите во Хотел Арка можат да бидат наместени во повеќе формати, вклучувајќи театар стил, П или округла форма, училница и слично.
Освежувањето за време на конференцијата е суштинско за да се осигура дека вашите учесници се чувствуваат згрижени за време на настанот. Редовните интервали за кафе паузи се особено важни за да се одржи високо ниво на концентрација. Погрижете се да:
Хотел Арка има ресторан на 7миот кат, кој е поврзан со Конференциска сала 1 и Конференциска сала 2 со два патнички лифови за учесниците, во кој се служат разни домашни и интернационални јадења согласно вашите барања.
Барот на 7миот и 8миот кат се совршено место за лесна закуска и кафе пауза, каде учесниците ќе можат подобро да се запознаат себеси. За оние кои бараат простор за пушење, можат да ги искористат терасите и Rooftop барот на 7миот кат.
Изберете место кое нуди високи стандарди за услуги на клиентите. Може да добиете добро чувство за нивото на услуга за клиенти на местото од моментот кога ќе побарате понуда.
Одберете локација која има искуство во организација на конференции и обуки.
Во Хотел Арка, имаме посебен персонал за конференции кој ќе се погрижи целиот настан да помине во најдобар ред. Нашите менаџери ќе бидат достапни во текот на целиот настан за сите ваши потреби.
На секоја конференција, технологијата е клучна. Затоа, погрижете се вашето место за одржување на настанот да е технолошки опремено. На пример:
Кога организирате конференција во Хотел Арка, за секој ваш настан има техничко лице кое се грижи за целокупната опрема за времетраењето на настанот, од поврзување на проектор со вашиот лаптоп се до опремата за озвучување и симултан превод.
Важен аспект на изборот на место е исплатливоста. Осигурајте се дека местото нуди флексибилност на цените, како што се различни мениа или пакети на опрема.
Дали местото нуди цени по час или по дневна цена? Што се е вклучено во цената? Дали ќе добиете поволни цени за учесниците кои ќе престојуваат за време на настанот?
Откако ќе дознаете што е вклучено и точно за што плаќате, споредете го истото со локацијата, квалитетот на просторот и нивото на услуга. Ако местото на одржување е на навистина високо ниво, тогаш веројатно може да очекувате да биде над просекот од останатите места од околината на Скопје.
Хотел Арка во Скопје нуди голем избор на конференциски капацитети во центарот на Старата чаршија во Скопје, непосредно до строгиот центар.
Имаме сали за состаноци со различна големина, како и конференциски сали и отворен простор на 7миот спрат за пролетни и летни настани. Контактирајте со нашиот тим за конференции за да дознаете повеќе.
За информации, прашања и резервации за конференции, ве молиме контактирајте со г-ѓа Ана Домазетовска на:
adomazetovska@hotelarka.mk
побарајте понуда
+389 2 3232 585
За повеќе информации за нашиот конференциски програм, Ве молиме да ги погледнете конференциски сали на линкот подоле:
или на Англиски јазик на